Апелација пред одлука за 6 притвори и 1 куќен притвор

Режисерот Борис Дамовски е засега единствениот обвинет за настаните во Собранието од 27 април кој се жали на мерката куќен притвор. Останатите 6 жалби по кои треба да одлучува Апелација се однесуваат на ефективните затворски притвори. Меѓу нив се началникот во МВР Душко Лазаров и Горанчо Ангеловски од велешкото здружение Ќосето, јавува Сител.

До Апелација се уште не е пристигната жалбата на екс-министерот Митко Чавков, кој по само еден ден поминат во домашен притвор, минатата недела повторно беше вратен во истражниот затвор во Шутка. Првиот човек на Кривичен уверува дека при неговото приведување биле испочитувани сите законски одредби.

Џолев вели дека слично известување е добиено и за обвинетиот Јане Ченто кој беше приведен вчера. Двајцата обвинети можеле да ја променат адресата на издржување на домашниот притвор, но тоа не го сториле.

Второстепениот суд вчера ги потврди мерките притвор за началниците Митко Пешов и Оливер Поповски. За останатите жалби Апелација ќе одлучува откако ќе го добие мислењето од Вишото јавно обвинителство.   

 

 

 

04.04.2018 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега