Отишол да пие чај а го нападнале со пиштол - инцидент во чајџилница во гостиварско

Инцидент вчера ги потресе присутните во чајџилница во гостиварско. 27-годишниот  А.Ш. од селото Беловиште пријавил дека вчера околу 10 часот и 40 минути во чајџилницата во селото, настанала расправија помеѓу него и 32-годишниот Ј.А. од друга страна, при што Ј.А. толку се разбеснил што извадил гасен пиштол го репетирал и го вперил кон него.

Насилникот е приведен, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

09.09.2013 - 13:22

најчитано сега