Тепачка по натпреварот меѓу ФК„Сарај“ и ФК„Фортуна“ - повредени две лица

Вчера во 19 часот во селото Љубин-скопско по завршувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК„Сарај“ и ФК„Фортуна“, дошло до физичка пресметка помеѓу дел од играчите.

При тепачката и дел од публиката навлегла на фудбалското игралиште со намера физички да се пресмета со играчите на ФК„Фортуна“, но не успеале бидејќи играчите се заклучиле во соблекувалните, а публиката почнала со каменување. Во инцидентот има две повредени лица, од кои едно е пренесено во Ургентен центар Скопје, а друго во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

09.09.2013 - 14:13