Македонците ќе кршат велигденски јајца во Грција - каква е состојбата на Граница

На ГП Бoгородица нема подолги задржувања за влез и за излез од Република Македонија, информираат од граничната полиција.

- Од шесте расположливи сообраќајни ленти за излез од земјава функционираат три, но сообраќајот е речиси секојдневен и задржувањето на возилата кои се главно од Македонија е само пет минути колку што се потребни за контрола на документите, изјави заменик-командирот на граничната полиција, Мирјана Костадинова.

Поголема фреквенција на возила не се бележи ниту за влез во земјава. Зголемување на интензитетот на сообраќајот може да се очекува во понеделник попладне кога оние кои заминале за Грција ќе се враќаат дома. 

 

 

 

06.04.2018 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега