Фуере: Решението за името не смее да го загрози македонскиот идентитет, но и да не биде на штета на грчкото наследство

Сосема е јасно дека времето за постигнување на договорот меѓу Македонија и Грција околу разликите за името е кратко. Очекуваме во јуни ЕК да ја потврди препорката за почеток на преговори. Ако спорот со името до тогаш не се реши, а сепак дијалогот за името напредува мислам дека е изводливо Грција да прифати Македонија да почне преговори со ЕУ, а паралелно да течат преговорите за спорот за името. Грција во секој момент како членка на ЕУ има моќ да ја блокира Македонија изјави Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија за  Фактор магазин.

Според евроамбасадорот, при секои преговори мора да има попуштања од двете страни, тоа не може да биде еднострано. Процесот на посредство на ОН е процес кој го покрива преговорите, и тоа треба да остане така, тоа е неутрален процес во смисла дека медијаторот е тука да ги доближи двете страни, во исто време е јасно дека ЕУ не е неутрална во ова, заради тоа што Грција е членка на ЕУ, така што тежината не е иста.

Во тој контекст, потенцира дека се надева дека Грција ја разбира својата одговорност дека треба да покаже на сопствен пример со посегнување кон Македонија дека има одговорност, како земја-членка да најде начин  и решение кое ќе изгради доверба во регионот и ќе придонесе за зајакнување на довербата и ќе служи како пример за другите билатерлани спорови.

-Грција има голема одговорност и се надевам дека  го разбира тоа и дека ќе одговори реципрочно и дека решението ќе биде со целосно почитување на  македонскиот идентитет, јазикот, културата и богатото наследство кое не на штета на наследството на Грција или на некој друг. Многу е важно конечно решението на спорот со името да е такво кое навистина  целосно ќе ги почитува правата и идентитетит на обете страни. Би било  голема трагедија откако ЕК ги призна големите напори на  Владата  за спроведените реформи во изминатите месеци. Имајќи во предвид дека идната година се избори во Европскиот парламент и Европската комисија од суштинско значење е напредокот Македонија во текот на оваа година да ги започне преговори со ЕУ, оцени Ерван Фуере, кој до 2011 година беше амбасадор на ЕУ во Македонија.

 

 

 

06.04.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега