Јаневски: Не очекува тежок натпревар - со мирна и трпелива игра до трите бода

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на денешната прес-конференција ги повтори амбициите, две победи во дуелите со Велс и Шкотска. Првата веќе е забележена во петокот против Велс со 2:1, а за утрешниот дуел со Шкотите македонскиот селектор повика на трпелива игра.

- Не очекува тежок натпревар. Според мене Шкотска е подобра селекција од Велс, особено по промената на селекторот играат подисциплинирано. Нашите амбиции се да освоиме три бодa и на овој натпревар, но мора да бидеме мирни и трпеливи, изјави Јаневски.

Што се однесува до здравствениот билтен кај „црвено-жолтите“, капитенот Горан Пандев има проблем со рамото, а на мала повреда се жали и голмaнот Томе Пачовски.

Сепак, се очекува и двајцата со помош на лекарскиот тим да бидат оспособени за овој дуел. Поради два жолти картoни во националниот дрес нема да биде Агим Ибраими. 

09.09.2013 - 14:28
Фото: 
Хитпортал

најчитано сега