Гарет: Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за цел регион

Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион, и за западните земји заедно со Велика Британија, изјави британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет во интервју за телевизија „Телма“.

– Јас сум претпазлив оптимист. Гледам дека преговорите продолжуваат. Има позитивни коментари јасно е дека има посветеност во обидите на двете страни, на Атина и на Скопје, и на Грција и на Македонија е да го решат ова прашање засекогаш. Знам дека има тежок момент. Потребна е политичка храброст за да се постигне потребниот договор, рече британскиот амбасадор За Телма, нагласувајќи дека треба да се внимава на две работи и тоа во текот на преговорите секоја од страните мора да направи еден вид компромис. Втората работа се огромните можности што се отвораат за Македонија, но и за двете страни. Ако има договор, овие можности можат да бидат пресвртница за Македонија.

Околу помошта од Велика Британија вели ова прашање е од интерес и важност кои имаат многу поширок опсег, не само за регионот, туку и за земји како што е Велика Британија, тоа е од сериозен безбедносен интерес за Балканот, но ова е и централно безбедносно прашање. 

 

 

 

06.04.2018 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега