Заев со честитка за Велигден: Душите да ни бидат чисти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, упати честитки до сите православни христијани за Велигден.

„Најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму воздржувањето и одговорноста. Тие човечки вредности можат со сигурност да ги ослободат, да ги зајакнат, да ги осилат душата и духот“, пишува во честитката премиерот Заев.

„Со благодатта на распнатиот и воскреснатиот Христос во овие Велики денови, на сите православни Христијани, да Ви го честитам Воскресението Христово, и нека биде за многаја лета“, вели Заев.

Вели дека треба да се усовршуваме и да ги чуваме нашите душа и тело чисти.

 

 

 

 

 

07.04.2018 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега