Заев: На Мицкоски можам да им држам лекции од економија до сабајле

Лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за МИА;што утре ќе биде објавено, а по повод постојаните, речиси секојдневни, напади од лидерот на опозицијата и неговата ВМРО-ДПМНЕ врз Владата дека во нивната работа има „многу политика, малку економија“, дека земјата е изложена на „економско цунами, на депресија и на нови задолжувања“...

Премиерот Заев објаснува дека за некои работи се согласува со Мицковски, особено во делот на реформите, и затоа смета дека  може да најдат заеднички прифатливи решенија за прашањата од национален интерес.

-Но, кога зборува за економијата, мислам дека не се снаоѓа најдобро. Република Македонија беше во минус. Беше урнисана држава, финансиски комплетно разнебитена. Имајќи го сето тоа предвид, досега ние успеавме да го стабилизираме буџетот на државата, да постигнеме раст на економијата, платите почнаа да растат. Без разлика кој како ќе го сфати ова, меѓутоа за овие прашања можам да им држам лекции на Мицковски и на опозицијата до сабајле, па и повеќе, вели Заев.

 

 

 

07.04.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега