Џафери го честита Велигден: Заеднички да побараме почит и разбирање без разлика на верската или етничката припадност

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го честита Велигден.

- „Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир, а бидејќи Велигден е празник на семејството и ближните, на сите верници им посакувам топлина во домот, лична среќа и љубов до своите ближни и до секој човек. Апелирам заеднички да побараме разбирање, почит и човекољубие меѓу сите нас кои живееме во Република Македонија, без разлика на верската или етничката припадност. Водени од оваа верба, треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија, почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и начелата за мир и заедништво. Соживотот и религиското почитување се традиционални вредности меѓу сите граѓани, а наша должност е тие вредности да ги зачуваме и надградуваме“, порача Џафери.

 

 

 

07.04.2018 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега