Ќе пука сонце за Велигден - за неработниот ден нагла промена

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Како што соопшти УХМР, од недела следува период на претежно стабилно и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде во недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Во западните делови облачноста краткотрајно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од два до девет степени, а дневната од 18 до 24 степени. 

Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачост и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната од 17 до 24 степени. 

 

 

 

07.04.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега