Нека не ве лаже сонцето - спремете се за дожд

Времето денеска е сончево и релативно топло, со слаб ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови утре ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, потоа ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. 

Од вторник до сабота утринските температури ќе се движат од три до 12 степени, а дневните од 18 до 27 степени. Најтопло ќе биде в петок, кога дневната температура ќе достигне до 27 степени.

 

 

 

08.04.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега