Време: Подгответе се за најтоплата недела оваа година

Уште еден прекрасен и сончев ден како продолжение на најавата за убаво време до крајот на оваа недела.
Денеска температурите во Скопје ќе се искачат до 24 степени, а низ Републиката се очекува и некој степен повеќе.
Температурите во текот на целата недела ќе бидат меѓу 6 и 8 степени повисоки од просекот за овој период од годината.
Утре ден сличен на денешниот со малку повеќе облаци но и високи температури од 23 степени во Скопје и нешто повеќе во појужните делови.
Во четврток почнува периодот на уште потопло време. Се до крајот на викендот во текот на денот температурите ќе си искачат над 25 степени во Скопје а не се исклучува можноста во некои делови од Македонија да ја видиме и првата триесетка.
На подолг рок прогнозите најавуваат услови за продор на постудена воздушна маса на почетокот на идната недела која максималните дневни температури ќе ги спушти на нивото на повеќегодишниот просек меѓу 17 и 19 степени и утрински околу 10.
Такво време би требало да не очекува целата наредна недела за во периодот пред 1 мај повторно да се создадат услови за дождот кој некако како да стана традиција за овој период.
Она што е важно е дека не чека можеби најубавиот викенд во оваа година кога станува збор за временските услови.
Сепак треба да се внимава. Оние кои имаат почувствителна кожа треба да се заштитат од сонцето. Сега почнуваат посериозните проблеми и за сите оние кои имаат мака со алергии поради стартот на пролетниот вегетативен циклус кај голем број растенија.

 

 

 

 

10.04.2018 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега