СДСМ и ДУИ го посакуваат гувернерското место - ова се кандидатите

Зоран Јовановски, поранешен потпретседател на СДСМ и Ванчо Узунов, советник на премиерот за финансии се кандидатите за кои социјалдемократите ќе се обидат да го убедат претседателот на државата да предложи еден од нив за гувернерското место на НБРМ, додека кандидат на ДУИ е Фатмир Бесими, пренесе МКД.МК.

 

Затегнатите односи меѓу претседателот Ѓорге Иванов и Владата на премиерот Зоран Заев може да го оддолжи изборот на новиот гувернер. 

- Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа многу значајна функција во државата за време на неговиот мандат“, велат од кабинетот на претседателот на државата, пренесе МКД.МК.

Во партиски кругови се шпекулира дека ДУИ инсистира овојпат гувернер да биде Албанец, а за нив најдобар кандидат за тоа е Фатмир Бесими кој веќе два пати бил вицегувернер, а сега е советник на премиерот Заев.

Иванов има право да предложи кандидат по свој избор, но за тоа ќе треба да обезбеди поддршка во Собранието. Тоа во случајов значи поддршка и од СДСМ и од ДУИ.

 

 

 

 

10.04.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега