Сончево и топло до петок - викендов нагла промена на времето

Времето во Македонија претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер. 

Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 24 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Поголемо наоблачување со локален дожд ќе има за време на викендот и во почеток на наредната седмица.

 

 

 

11.04.2018 - 07:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега