Груевски и денеска на суд - нема да присуствува на седницата за доверба на Владата

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

На вчерашното целодневно рочиште се  слушаа прислушувани разговори кои се доказ во постапката. Претходно, беа отфрлени барањата на одбраната „бомбите“ да не се пуштаат во судница и за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и судечкиот совет. СЈО тоа го оцени како обид на одбраната на обвинетите за одолговлекување на судењето.

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на Груевски да се одложи денешното рочиште, па тој нема да може да биде дел од денешната собраниска седница.

Ова вчера го потврди адвокатот на Груевски, Зиков.

-Утре во 10:30 часот пак ќе има рочиште. Не го прифатија барањето на Груевски да присуствува во Собрание на седницата за интерпелација на Влада, рече тој.

 

 

 

11.04.2018 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега