Фридом Хаус: Прв пат од 2010 година Македонија со подобрена демократија

Во денешниот извештај „Земји во транзиција 2018“, Фридом хаус наведе дека Македонија е меѓу светлите точи минатата година. Притоа се нагласи дека со промената на власта Македонија добила можност да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата. Во извештајот Македонија и натаму е во групата земји „преодна влада или хибриден режим“.

Фридом хаус констатира дека во Централна и Источна Европа нападите врз опозициските партии, печатот и невладините организации стануваат норма, а ширењето на нелибералната политика ги поткопува темелите и изгледите за демократија.

Во 23-тото издание на годишниот извештај на Фридом хаус за демократијата во Централна и Источна Европа, Балканот и Евроазија, се наведува дека нациите во транзит го регистрираа најголемиот пад во 23-годишната историја на проектот: 19 од 29 земји забележуваат пад на демократија.

 

 

 

11.04.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега