Хоџа: 90 отсто од вработените по Рамковен потпишаа согласност и почнуваат на работа

Деведесет проценти од вкупно 958 луѓе вработени по Рамковен договор, опфатени со првата фаза, веќе ги потпишале решенијата за прераспределба во државните институции. Од Владата очекуваат решенијата да ги потпишат и останатите 10 проценти. Доколку не го сторат тоа наскоро, тие ќе бидат ставени на трансфер листа за втората фаза за кога е предвидена прераспределба на останатите од вкупно 1.600 вработени по овој основ.

Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, тие се систематизираат во други институции каде според анализата и планот на секретаријатот, правичната застапеност не е на потребното ниво.

На прашањето дали со распределбата на овие вработени завршува процесот на вработување по основ на Рамковниот договор и правичната застапеност, Хоџа посочи дека откако ќе се заврши оваа обврска, ќе има нови огласи за вработувања доколку во одредени инатитуции правичната застапеност не е исполнета.

Планот што претходно е направен покажува дека овие вработени во најголем дел ќе бидат прераспределени во МВР, УЈП, Царината, Клиничката болница во Тетово, Управата за матични книги и Јавното обвинителство. Потоа следат МНР, Катастарот, МОН, ФЗО и Министерството за финансии. 

 

 

 

11.04.2018 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега