Тунтев: Оваа интерпелација е големо разочарување

Пред скоро еден час започна собраниската седница а интерпелација на Владата поднесена од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. На говорницата пред пратениците се обрати шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев и кој обвини дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт.

За координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, образложението од ВМРО-ДПМНЕ изобилува со паушални и невистинити констатации, не е поткрепена со објективни и мерливи критериуми и не постои критика за министрите од ДУИ, туку само за министрите од СДСМ.

Оваа интерпелација е големо разочарување, очекував наместо за доверба на влада да дискутираме за реформите кои се спроведуваат, изјави Томислав Тунтев.

- Поразително е сознанието дека ова е одбраниот начин опозицијата да се врати во Собранието на голема врата. За нас голема врата беше очекувањето дека опозицијата ќе се врати за да дискутираме за она што Република Македонија го презеде како обврска за пакетот реформски закони. За тоа денеска да разговараме, за планот 3-6-9 да стане реалност. За десет дена од денеска ние очекуваме и не само што очекуваме туку ќе добиеме позитивен, безусловен, извештај од Европската комисија, истакна Тунтев.  

Посочи дека е укината радиодифузната такса, вратена е евтината тарифа на струјата, решен е проблемот на стечајните работници, а во делот на надворешната политика подобрени се односите со соседните држави.

Поради протоколарни обврски на Собранието и на Владата, од 12 до 13 часот е дадена пауза, а втората пауза ќе биде утврдена во текот на расправата.

По завршувањето на расправата на пратениците, се очекува да се обрати претседателот на Владата Зоран Заев. 

 

 

 

11.04.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега