Ѕанакопулос: Треба да се изоди уште доста пат за решение

 Убеденост дека постојат политички предуслови и политичка волја за решение, изрази портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, но и додаде дека за договор, потребни се уште чекори.

-Мислам дека постојат предуслови, сигурно постојат политички предуслови и политичка волја за да се постигне договор, но за време на преговорите ќе треба да се изоди уште доста пат, бидејќи од страна на грчката Влада беше поставена една конкретна рамка во која е можно да има договор, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Ѕанакопулос, во интервјуто за радиото повтори дека доколку се постигне договор, „грчката влада ќе побара и ќе се стреми кон најширок можен парламентарен консензус“.

 

 

 

11.04.2018 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега