Царовска и возврати на Рангелова: Лицата под Кале, ние уште првиот месец ги сместивме во институција

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, возврати на обвинувањата и нападите кои до неа ги упати пратеничката, Даниела Рангелова и порача дека од власта на ВМРО-ДПМНЕ наследила руинирана и згмечен систем за социјална заштита.

Додавајќи дека пред аргументите и боговите молчат, Царовска посочи дека просечната пензија е зголемена од 13.000 денари на почетокот на минатата година, на 14.186 денари во април годинава.

-Лицата под Кале, ние уште првиот месец ги сместивме во институција која им обезбедува еден оброк дневно и кров над глава. Во Визбегово градиме привремена населба каде што тие семејства ќе се сместат, а децата се обиуваме да ги вклучиме во образование – одговори таа.

На тоа Рангелова имаше контра реплика и побара сите заедно со медиумите и пристутните во Собрание да појдат под Кале и сите да видат како се згрижени тие лица, алудирајќи дека тие се сеуште таму не згрижени и питачат по улиците

 

 

 

11.04.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега