Апелација ја одби гаранцијата - Чавков останува во притвор

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата и барањето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков за обезбедување гаранција и пуштање да се брани од слобода и го потврди решението на Основниот суд Скопје 1 со кое Чавков останува во притвор во истражниот затворот во Шутка, објави Сакам да кажам. Како што информираат од СДК барањето на ексминистерот било одбиено поради тоа што според судот, било некомпетентно.

Чавков понудил гаранција да биде пуштен од притвор, но во барањето му недостасувале имотни листови и други важни документи за да може да одлучи судот. За следната недела, Апелација најавува јавни седници во однос на тоа како ќе пристигнуваат жалби за ефективниот куќниот притвор, изречени како мерки за обезбедување на присуство на обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април минатата година.

Чавков и уште четворица други обвинети на 28 март беа вратени во притвор на 28 март соодлука на Основниот суд Скопје 1, еден ден откако Врховниот суд ги пушти од затворот во Шутка во домашен притвор.

 

 

 

11.04.2018 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега