Груевски: Се држам добро, но фактурата за моето здравје од судењата ќе дојде подоцна

По едночасовна пауза, во Кривичниот суд подолжи рочиштето за предметот на СЈО „Тенк, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Судењето го води судијката Добрила Кацарска, која најави дека по вчерашното целодневно рочиште на кое се  слушаа прислушуваните разговори, денеска ќе бидат изведувани пишани докази.

Пред да влезе во судот, поранешниот премиер Груевски одговарајќи на прашања на новинарите посочи дека МВР можело да дојде до ова возило и без тендер, ако тоа го сакало.

„Не постои случај во светот поранешен премиер да одговара зашто остварил корист и одреден број пати користел возило. Обвинението е дека сум сакал да имам корист и да се возам во возилото наместо во возило старо 20 години. Сите искази беа во наша корист, тоа беа сведоци на СЈО. Прво, МВР можело без тендер да го набави возилото ако сакало. Второ имало законски рок за тендерот. Не случајно за утре е закажано рочиште за Титаник, за да биде тоа прва вест, а не доаѓањето на Коѕијас”, рече Груевски.

На прашањето на новинарите каква е неговата здравствена состојба имајќи в предвид дека речиси секој ден е на судење, Груевски кажа дека „фактурата“ доаѓа подоцна и дека засега е добро.

Во изјава за медиумите поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека судот не сака да го прифати неговото барање да се одложи денешното рочиште за да може да присуствува на интерпелацијата во Собранието и додаде дека бил подготвен да дојде на рочиште дури и за викенд сѐ со цел денес да може да биде во Собранието.

 

 

 

11.04.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега