Александрова: Вие сте типичен школски пример за тоа како една власт не смее да работи

На денешната расправа во Собранието за интерпелација на владата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова на упатената реплика до Фросина Ременски, истакна дека заради неспособното владеење на владата на СДСМ, граѓаните во Македонија не се чувствуваат безбедни.

-Колешке вие сте еден типичен школски пример за тоа како една власт не смее да работи. Тоа е фактичката ситуација. Народот вас така ве перципира. Од вас очекуваа многу.  Вие ветивте „живот“, а наспрема тоа донесовте еден куп луѓе отпуштени и без работа, немање инвестиции, немање визија, заробена држава, коруптивни скандали, убиства, запалени возила и колешке Фросина народот во оваа држава веќе не се чувствува безбеден, потенцираше Александрова.

Таа посочи дека странските инвестиции во 2016 година беа 350 милиони евра, додека во  2017-та се 227 милиони евра. Александрова додаде дека единствено што може да се види е небезбедна држава додека пратениците служат како пример за тоа како не се почитува уставот, законите и деловникот во Собранието.

За последниот извештај на Транспаренси Интернешанал, Александрова потенцираше дека според индексот на корупција, Македонија падна за цели 17 места.

-Индексот на корупцијата е толку голем што Македонија е на ниво на заробена држава, а власта затвора очи при тоа. Откако дојдовте на власт навистина критериумите и вредностите за тоа што е добро и што не е добро некако се испореметија. Јас не знам од кога стана 0 % економски раст да биде добро, истакна Александрова.

 

 

 

11.04.2018 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега