Груевски: Заев повлечи се додека не е доцна, ова е трчи лажи Влада

Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ му порача на Зоран Заев да се повлече од премиерската фотелја додека не е доцна. 

- „Ова е трчи лажи Влада која му ветуваше секому сè она што сака да го чуе. Тие очекуваат меѓународната заедница да им даде уште еден мандат поради тоа што ќе ги распродадат државните интереси“, рече екс премиерот кој успеа да стигне на интерпелацијата.

„Граѓаните очекуваат нови работни места, нови фабрики, нови инвестции, шанси и можности да останат да живеат тука, да се среќни, а не да се докажувате дека не трошите да патувате за да донесете странски инвестиции – каква е таа демагогија. Или, пак, новиот закон за инвестиции, со кој Анѓушев и Заев се фалат дека со тој закон ќе им дадат пари на сите инвеститори, поентата е да им дадете на што помалку. Со тој закон ќе привлечете многу помалку компании со многу помалку работни места за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски.

 

 

 

11.04.2018 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега