Заев: Во многу мал дел не сум задоволен од министрите

Јас од старт се водев согласно моето убедување да поставиме најдобри луѓе и дел од нив се снајдоа, изјави премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, во однос на реконструкцијата на Владата. 

Тој истакна дека во многу мал дел не е задоволен од сегашните министри и дека истите ќе бидат променети. Тој кажа дека е во онтакт со народот и знае од кој министер народот не е задоволен.

„Еве сега слушам стотина луѓе не прифаќаат работа, фала пријатно, извинете ќе дојдат други. Јас сум човек кој сака да слушне критика, од критики учиме“- кажа Заев. 

Тој посочи дека ги знае слабите алки, но одби да споменува имиња. Рече дека еден човек ако не го бива за една позиција, можеби на друга функција ќе биде корисен.

 

 

 

13.04.2018 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега