Викенд временска прогноза - метеоролозите со нови информации

Времето во Македонија денеска претпладне беше претежно сончево. Дневната температура се движеше од 22 до 28 степени Целзиусови. Иако метеоролозите најавуваа дождови и зголемена облачност за денеска попладне, сепак до крај имавме стабилно време со повремена облачност.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови. Во сабота уште повеќе ќе се зголеми облачноста, а во недела со зголеменото наоблачување ќе има услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава. Во понеделник ќе биде посвежо за неколку степени и врнежливо.

 

 

 

13.04.2018 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега