Заев: Имаме поддршка од Ахмети за проширување на парламентарното мнозинство

 Разговорите за проширување на парламентарното мнозинство продолжуваат и викендов, а целиот процес треба да биде заокружен на крајот на месецов, најави премиерот Зоран Заев на денешниот отворен брифинг со новинарите. 

Заев рече дека има поддршка од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зголемување на владејачката коалиција.

Неопходно е проширување на парламентрното мнозинство со нови коалициски партнери поради сериозните прашања кои претстојат и за поефиканска работа на Собранието и пратениците, кажа Заев на брифингот на кој присуствуваа и вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи. 

 

 

 

14.04.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега