Министерството за образование го осуди инцидентот со ученичките во Неготино

Министерството за образование и наука го осудува инцидентот во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, каде на најбрутален начин во дворот на училиштето беше претепана ученичка.

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска рече дека целиот случај е пријавен во полиција и дека очекува истиот да биде разветел во најбрз рок.

Просветен испектор вчера беше во посета на училиштетот со цел да се истражи целиот случај.

Директорот на основно училиште „Гоце Делчев“, Петар Мантев истакна дека девојчињата од видео снимката кои ја напаѓаат својата соученичка, всушност биле проблематични ученички и за нив претходно имало изречени мерки.

– Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.

 

 

 

14.04.2018 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега