Сообраќајки во Скопје - едно лице тешко, три полесно повредени

Едно лице е тешко повредено, а три се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајни несреќи регистрирани изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени едно неисправно возило, пет нерегистрирани возила, едно возило со претовар, додека пак 64 автомобили биле непрописно паркирани, а „пајакот“ подигнал 64 возила.

Санкциониран е еден пешак кој поминал на црвено светло, како и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци, и тројца возачи кои не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл. 

 

 

 

19.04.2018 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега