Скопјанец дивеел на улица, го пренеле во Бардовци

На полноќ на улица "Бледски Договор" од страна на 34-годишниот К.П.Р. од Скопје нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување на јавно место во алкохолизирана состојба.

На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници при што лицето започнало да упатува погрдни и навредливи зборови кон полициски службеник.

Лицето е пренесено во Психијатриска болница Бардовци - Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

21.04.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега