„Еко - патрола“ ќе го чисти Градскиот парк во Скопје

Еколошката младинска организација „Гоу Грин“ и Меѓународниот балкански универзитет денеска во Градскиот парк ја организираат акцијата „Еко - патрола“ по повод Денот на планетата Земја.

Целта на акцијата е студентите од Меѓународниот балкански универзитет заедно со членовите на еколошката организија „Гоу Грин” да ги соберат отпадоците коишто се неправилно фрлени во Градскиот парк.

„Еко патролата” ќе има за цел и да ги едуцира и опомени граѓаните кои несовесно ги фрлаат отпадоците низ Градскиот парк и да ги мотивира да се приклучат кон акцијата.

Вкупно 60 млади луѓе ќе учествуваат во денешната акција. 

Акцијата е дел од глобалната мрежа за Денот на планетата Земја која што се одржува на 22 април насекаде во светот под мотото „Да ставиме крај на отпадот од пластика”. 

 

 

 

22.04.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега