Подгответе се на време - утре без вода овие населби во Скопје

 Корисниците од населбите Бутел-1 и Радишани, како и стопанските субјекти на ЕВН, Железничка станица Скопје Север, Еуро Табак, Едел-Пром, Фурна Диме и Шкода лоцирани на северната страна на улицата „Босна и Херцеговина“ утре од 8 до 14 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабудвањето е поради планирана техничка интервенција на трафостаница во Пумпна станица Бутел. 

 

 

 

23.04.2018 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега