Шилегов очекува догодина да почне изградбата на тунелите под Кале

 Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредната година да почне изградбата на тунелите под Кале за кои вели дека ќе придонесат за новиот изглед и фонкционалност на Скопје.

- Објевен е јавен повик за идејно решение и проектирање на вијадуктот, тунелите под Кале и сообраќајното решение на излезот од тунелите. Очекувам до крајот на оваа година да добиеме доволно квалитетна документација и во текот на наредната година да објавиме тендер за започнување на градежни работи и конечно отпочнување на изградбата на тунелите, рече Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања.

Тој нагласи дека проектот за изградба на тунелите е предвиден уште во далечната 1965 година и додаде дека ќе придонесе во голема мерка за зголемување на функционалноста на Градот.

 

 

 

23.04.2018 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега