Крвнички ги нападнале додека си седеле на кафе - утврден идентитетот на претепаните момчиња во Аеродром

Малолетниците кои вчера беа претепани во скопски Аеродром се ученици во средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје, пишува Курир.

Според порталот, двете момчиња биле нападнати на улицата „Атанас Митрев“ спротив основното училиште „Блаже Коневски“ во Аеродром, додека седеле во локал. Неколку непознати лица, од засега непознати причини, им се доближиле на 16 годишните С.Р. и М.К. и крвнички претепале, удирајќи ги со тупаници.

Двете момчиња биле пренесени во Градската болница “Наум Охридски“. МВР трага по насилниците.

 

11.09.2013 - 09:48

најчитано сега