Рингишпилот, авиончињата и количките од Луна Парк сега се старо железо

Реквизитите од скопскиот Луна Парк заминаа како старо железо во Прилеп. Како што пишува Сакамдакажам.мк, реквизитите од скопскиот парк за деца се продадени на јавна лицитација на фирма која ќе ги искористи како старо железо.

Така, авиончињата, количките и рингишпилот си заминаа како старо железо од Скопје.

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека откако била отстранети реквизитите од Луна парк биле донесени во нивното депо.

„Бидејќи се стари речиси 50 години и не можат да се користат решивме да ги продадеме на јавна лицитација. Сите реквизити го продадовме за 20.000 евра на фирма која ќе ги користи како старо железо“, вели Муча.

 

 

 

24.04.2018 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега