По четири години во кома се врати во училиште - запознајте го детето херој од Струга

Откако успешно закрепна по четирите години поминати во кома, 13 годишниот Јован Колоски од Струга вчера повторно се врати во училишните клупи во струшкото „Браќа Миладиновци“, објавува „Вест“.

 

Храбриот Јован се избори со тешката болест која му го одзеде детството и на неговиот 13. роденден продолжи таму каде застана пред 5 години.  

-Ги препознав сите со кои учев, изјавил Јовче за „Вест“. 

-Го симна ранецот од рамото седна на првата клупа, заедно со Владимир и со други две девојчиња. Потоа ја праша наставничката дали може да ги почести учениците, оти му беше роденден. Сите станаа и еден по еден му го честитаа роденденот и му посакаа здравје и долг живот. Јован остана само на првиот час, а кога родителите му кажаа дека за тој ден е доволно, се побуни, но сепак ги послуша. Се поздрави со сите и натажен ја напушти училницата, пишува Вест.

-Наставничката не ме праша ништо оти ми беше роденден. Ме поштеди, но се надевам дека дека другите денови нема да биде така. Јас знам да читам и пишувам. Ми дадоа учебници за четврто одделение, раскажал Јовче по првиот училишен ден. 

Класната раководителка, за „Вест“ изјавила дека е пријатно изненадена што Јован ги познал сите свои другарчиња. 

-Навистина бев пријатно изненадена кога Јован ги препозна сите ученици. Ги довикуваше по име и презиме. Дури во доверба ми кажа кој од нив е мирен, а кој не, изјавила за Вест, неговата наставничка Леонида. 

Јован успешно се лекува во Словенија. Тој оди во Љубљана на секои шест недели и таму ја прима соодветната терапија. Лекарите од Словенија биле изненадени и не очекувале толкав напредок во неговото лекување. 

-За прв пат докторката што го лекува Јован ни раскажа оти иако им велела дека Јован ќе прозбори и таа не им верувала во тоа што го тврдела. Но, ете, се случи чудо, вели за Вест мајката на Јовче, Мира.

Извор: Вест

11.09.2013 - 11:05
Фото: 
Вест

најчитано сега