Полицијата казнуваше мотоциклисти: Летаат казни на секој чекор во Скопје

Во текот на вчерашниот денво периодот од 19,00 до 01,00 часот полициски службеници од Одделението за сообраќај при СВР Скопје превзедоа мерки за контрола насочена кон учесниците во сообраќајот кои управуваат мотори и веспи, на подрачјето на главниот град.

Казните се околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи - носење заштитен шлем, брзина на движење, возење под дејство на алкохол и друго - за оваа категорија на учесници во сообраќајот.

Притоа, пет моторцикли се задржани во полициска станица од причина што немало никакви документи за возачите и моторите (возачка и сообраќајна дозвола). Исто така, изречени се и десет прекршочни платни налози по основ на неносење заштитен шлем, непочитување на првенство на минување, како и по основ на управување со возило пред стекнување право за полагање на возачки испит и непоседување на возачка дозвола.

 

 

 

25.04.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега