Се врати во прегратките на мајка си но и треба помош - хуманитарна акција за малата Александра Бошњаковска

Денеска со почеток од 18 часот ќе се одржи хуманитарна акција за собирање донации за малата Александра Бошњаковска, во организација на семејниот интернет портал Рингераја.

Сите кои се заинтересирани ќе можат да донираат за малата Александра Бошњаковска која неодамна беше вратена во прегратките на својата мајка, во игротеката Радост во трговскиот Центар Скопјанка, од 18 се до 20 часот.

Предвидено е да има и кутија за парични донации, и да се соберат училишен прибор, облека, обувки, книги и козметика за малечката Александра кои веднаш ќе бидат предадени на мајката по самата акција.

Доколку некој не е во можност денеска да донира, својот скромен придонес може да го испорача директно на адреса Тотем Студио Ул: „Братфордска" број 2 .

11.09.2013 - 11:42
Фото: 
Дневник