Тевдовски на Еурофи: Интеграцијата на пазарите за капитал во регионот

 

 

Министерот за финансии Драган Тевдовски ја сподели визијата за интегриран пазар на капитал во регонот, во своето обраќање на конференцијата ЕуроФи 2018 што се одржува во Софија.

Тевдовски беше дел од панелот „Развивање на регионален финансиски пазар за Југоисточна Европа“, соопшти Министерството за финансии.

Во насока на реализирање на визијата за интегриран пазар на капитал е и создавањето на SEE Link платформата за тргување, односно регионалната берза, каде се очекува вклучување на уште две земји од регионот.

Што се однесува за Македонија, министерот за финансии Тевдовски истакна дека издавањето нови инструменти како 30-годишната обврзница, придонесуваат за раздвижување на пазарот на капитал.

Важен чекор е формирањето на Советот за пазар на капитал.

 

 

 

26.04.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега