Лашкоска: Ако немаме инвестиции и вложување, каде се трошат милионите за кои не задолжи оваа власт

Расипништвото на криминалниот картел на власт, ќе го чувствуваат идните генерации и после 30 години. Во вторникот министерството за финансии издаде обврзница во висина од 19.5  милиони евра со период на враќање од 30 години и камата од 4.85%. Со што само за камата државата ќе треба да врати 29.1 милиони евра, а вкупната сума која ќе ја врати ќе биде 48.6 милиони евра, истакна Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Земаме 19.5 милиони евра, а враќаме 48.6 милиони евра. Ова го може само криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Ова е на директна штета на граѓаните и државата. 29.1 милион евра наместо во изградба на нови училишта, градинки, болници, канализациони мрежи и други инфраструктурни објекти, државата ќе ги плаќа за камати. Инвестиции нема. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првите 3 месеци од 2018 година е 7.4%. Ако немаме инвестиции и вложување, каде се трошат милионите за кои не задолжи оваа криминогена власт, запраша Лашкоска и додаде:

„Криминалниот картел на чело со Зоран Заев мора да одговори, каде завршуваат милионите за кои секојдневно ја задолжуваат државата. Овој криминален картел ја турка државата кон презадолженост, Не водејќи сметка за идните генерации. Не само што се задолжуваат без основа и непотребно, туку и ја кријат вистината околу големината на државниот и јавен долг“.

Овој криминален картел, подвлече таа, се обиде да сокрие дека државниот долг поради нивното недомаќинско работење надминал 4 милијарди евра, додека јавниот долг рапидно се приближува кон 5 милијарди евра.

-СДСМ додека беше опозиција, ветуваше транспарентност при задолжувањето, сега од позиција на власт, не само што не кажува  за што секојдневно се задолжува, туку и ја крие висината на долгот од граѓаните, од чии пари истиот треба да се враќа. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја урнисува  државата. Државата и граѓаните не треба да го плаќаат расипништвото и неодговорноста на Зоран  Заев. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро.

 

 

 

26.04.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега