Шилегов: Дел од „лудилото" во Скопје ќе го нема, ова не е град на потсмев

 

Традиционалните акции што ги организира Холандската амбасада се одвиваат веќе три или четири години на неколку локации во Република Македонија. Овој пат е опфатен и кејот на реката Вардар во Скопје. Чувствувам дека тоа е порака и до мене како градоначалник и до вработените во ЈП „Комунална хигиена“, но и до сите нас коишто сме граѓани на Скопје бидејќи отпадот го создаваат луѓето.

Ова денеска го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на отворањето на туристичката сезона во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“.

- Во рамки на реорганизацијата на „Комунална хигиена“ веќе почна да функционира посебна бригада од 35 вработени чија единствена работна задача ќе биде чистење и одржување на кејот во беспрекорна состојба. Очекувам дека со нивната секојдневна работа и ангажираност во догледно време ќе го вратиме сјајот на кејот на реката Вардар и во еколошка, но и во естетска смисла на зборот, онаков како што заслужува да биде, рече Шилегов.

На новинарско прашање дали ќе продолжи да функционира или ќе се укине туристичката стража во Скопје, Шилегов смета дека таа служела за потсмев.

- Скопје не е град за потсмев. Скопје е град кој треба да биде респектабилен, град кој треба да остане во убави спомени, а не во спомени за потсмев. Од тие причини дел од таквото лудило повеќе во градот нема да биде, рече Шилегов.

Прашан за преголемиот број на билборди во Скопје, Шилегов рече дека работат на нивно намалување. Според него, се работи за комплексен проблем бидејќи станува збор за повеќегодишна концесија од 10 или 15 години, а фирмите кои го имаат тоа право ги поставуваат.

 

 

 

26.04.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега