СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој им е координатор

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието има деловничка можност да ги соочи своите аргументи со претставници на Владата и да поставува прашања за теми што се во интерес на граѓаните, половина од пратениците на опозициската партија не се присутни во собраниската сала со што уште еднаш покажуваат колку навистина не им се важни потребите на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Дополнително, како што посочуваат, иако ВМРО-ДПМНЕ јавно соопшти дека координатор на нивната пратеничка група е Драган Данев, на почетокот на седницата пратеникот Илија Димовски инсистираше да зборува во својство на координатор со што повторно се отвора прашањето колку пратенички групи има ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Дали со поделбите на пратениците во различни пратенички групи ВМРО-ДПМНЕ има за цел повторно да се обидува да го блокира функционирањето на Собранието и да ги запира реформите?
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорно однесување преку коешто нанесува штета врз интересите на граѓаните, врз демократските процеси и нормалното функционирање на Собранието на Република Македонија“, смета СДСМ.

Велат дека во интерес на граѓаните и на државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже капацитет да ги надмине полиитките на блокади и деструкции и активно да се вклучи во спроведување на реформите коиште со од исклучително значење за Македонија и нејзините граѓани.

 

 

 

26.04.2018 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа