Приведени група струмичани и Албанец за незаконит лов на риба

Полицијата приведе неколку лица за незаконит лов на риба.

Во првиот случај се работи за 27-годишниот албанскиот државјанин В.Б. кој пред два дена во 6 часот, во водите на Охридското езеро во близина на село Радожда е затекнат како врши незаконит риболов со риболовни средства. Од Албанецот биле одземени 1,3 килограми пастрмка.

Во вториот случај се работи за група струмичани, В.С.(21), К.С.(29) и К.С.(29), М.Д.(25) и Ј.Ѓ.(23) од село Просениково кои на мостот помеѓу селата Добрејци и Пиперово се затекнати како вршат незакоит риболов и од нив се одземени пет килограми риба.

11.09.2013 - 12:19
Фото: 
Сител

најчитано сега