Внимавајте на децата и милениците - во Карпош пронајдена отровна змија на тротоар

На социјалните мрежи денеска се појавија нови фотографии на кои јасно се гледа како повторно во центарот на Скопје, поточно во населбата Карпош 4 каде била пронајдена отровна змија на јавно место, додека слободно се движи.

Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.

-Драги пријатели, Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива,  па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња - пишува еден од корисниците на социјалната мрежа.

Под оваа објава стојат и неколку коментари дека змијата е отровница.

 

 

 

26.04.2018 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега