Несреќа на патот Куманово-Липково: Повредени деца, едното на Ургентен

Во 20.10 часот на регионалниот пат Куманово- Липково патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Џ.А.  од селото,  удрило во запрежно возило во кое бил 17-годишниот А.М. од Лопате, и 14-годишник од Слупчане.

Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило.  Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

27.04.2018 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега