Внимавајте каде се движите: Почна сезоната на змии во Македонија

Високите температури ја донесоа опасноста од змии. На Клиниката за инфективни болести често имаат ситуации да спасуваат човечки животи од отровната змија шарка, а годинава како што велат, за среќа, се уште не се соочиле со таква ситуација, пренесе Скопјеинфо.

Здравствените власти информираат дека низ медицинските центри во Македонија во моментов има доволно количества серум, таканаречен противотров. 

Како што велат од Клиниката за инфективни болести секоја година во земјава во мај, јуни и јули има најмногу каснувања од змии во земјава. Во просек околу стотина лица го искусуваат ова лошо искуство.

Внимавајте по планините, во парк-шумата Водно, и при каснување не паничете туку веднаш побарајте помош.

- Да не се движи, масира местото на каснување, да не се засекува со нож, ниту пак да се ставаат надрилекови. Исто така да не се вшмукува со уста од отровот зашто тоа може да има и други последици, ниту пак да се покрива каснатата рана - апелираат стручните медицински лица, пренесе Скопјеинфо.

 

 

 

27.04.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега