Туск зборуваше на македонски: "Застанавте до нас, ќе стоиме и ние до вас"

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес - конференција со премиерот Зоран Заев се обрати на македонски јазик и порача дека ЕУ останува најголемиот партнер на Македонија, кој безусловно ќе помага за членство на Македонија во ЕУ.

- „Разговаравме и за регионалната соработка и соседските односи, со Бугарија докажавте дека кога постои волја да се надминат духовите од минатото постои начин да се оди кон иднината. Се надевам дека истото ќе го направите и со Грција. Ја имате мојата безусловна поддршка и јас верувам во вас“, порача Туск денеска на прес-конференција.

Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.

- Застанавте до нас во случајот Солсбери и ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани, рече првиот човек на Европскиот совет.

27.04.2018 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега