Летаат хеликоптери, полиција на секој чекор - затворени и дел од улиците во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи денеска во Скопје. 

По тој повод денеска одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери ќе го надлетуваат главниот град, а ќе има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.

Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.

 

 

 

27.04.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега