Хорор за малолетнички пред влез во Скопје: Се откопчал и почнал да се самозадоволува
Десетина минути по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавил 42-годишниот Г.Ц. и пријавил дека околу 22,45 часот на улицата “Лондонска“ додека седеле пред влез од зграда, неговата малолетна ќерка и уште две другарки сите на возраст од 16 години, им пришло непознато лице на возраст од околу 45 години и почнало да им поставува прашања.
Во еден момент лицето го откопчало патентот на пантолоните и почнало да се самозадоволува пред нив.
Тогаш девојчињата избегале во влезот на зградата, а лицето со велосипед го напуштило местото на настанот.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа